
Стоматолозите сметаат дека со сегашната цена на капитација тие не можат да опстанат и бараат враќање на истата на 45 денари по осигуреник, колку што изнесуваше пред Фондот да ја намали за 10 денари. Наместо тоа Фондот ги зголеми цените на стоматолошките услуги, што ќе биде дополнителен товар за пациентите, посочуваат стоматолозите.
И покрај петмесечните преговори договор помеѓу здружението на матичните стоматолози и Фондот не е постигнат, заради што ќе започне најавениот штрајк.












