
На последната прес конференција на СДСМ, лидерот на опозицијата Зоран Заев откри прислушувани разговори, во кои според него, се се слушаат гласовите на министерката Гоедана Јанкулоска и портпаролот на МВР Иво Котевски кои спомнуваат и убиено дете на плоштад, најверојатно мислејќи на Мартин Нешковски. Во другите разговори, според опозицијата, се слуша како шефот на тајната полиција Сашо Мијалков го договара медиумското омаловажување на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски со уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас и со сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов, пишува онлајн изданието на Радио Слободна Европа.
Вчера вечер пред Владата се собраа стотина граѓани, како реакција на таканаречената трета бомба на Заев.
OhridNews
Извор: Радио Слободна Европа












