
„Протестот има за цел да ја покаже силната волја на македонските граѓани кога станува збор за неповредливоста и неменливоста на уставното име на нашата земја, а секој македонец кој не е во можност да допатува во Скопје од оправдани причини, нека покрене слична иницијатива за одржување на сличен мирен протест во своето место на живеење“, се наведува во соопштението.
„Не станува збор за желба за минирање на патот кон НАТО и ЕУ на нашата земја во овие тешки времиња. Напротив, со ова сакаме да дадеме поддршка на сите кои сакаат нашата земја да го добие заслуженото место и привилегии кои ги носи членството во овие организации, но никако по цена на менување на нашето уставно име. Никако по цена на рушење на нашиот национален идентитет“, се вели во соопштението на невладината “Младите знаат”.
ohridnewws












