Во Скопје денеска е најавен протест против Законот за плаќање придонеси на хонорарите, кој треба на сила да стапи на 1-ви јануари 2015 година.

Граѓани, синдикални организации и здруженија се противат на најавената реформа. Тие преку протестот ќе се обидат да ја премислат власта да ја повлече одлуката, која според нив, сериозно ќе ги намали и така нередовните приходи на хонорарните работници. Стравуваат дека најголемиот дел од работодавачите нема да ги подмируваат придонесите и дека таа обврска ќе им ја остават на хонорарците, со што нивните ионака скромни приходи речиси ќе се преполоват. 

Ова законско решение опфаќа оклолу 120.000 граѓани.

OhridNews