Во организација на ВМРО ДПМНЕ, во недела со почеток во 13 часот ќе се одржи протестен марш во Струмица, како што нагласуваат од партијата, на кој се повикуваат сите граѓани незадоволни од актуелните случувања во земјава.
Јас како и многумина од ВМРО-ДПМНЕ сме одлучни дека ќе одиме до крај и нема назад се до конечната победа која ќе и донесе победа на Македонија. Време е да се чуе нашиот заеднички глас и затоа продолжуваме со борбата за Македонија, стои во обраќањето на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Собирно место од каде ќе започне протестниот марш е паркот во Струмица, ќе продолжи по шеталиштето па се до општинската зграда.
OhridNews