Здружение на загрижени граѓани во сабота во 12 часот кај градскиот полигон ќе одржи протест заради отсуството на градоначалникот Петрески во ситуација кога поради високиот водостој состојбата со Охридското Езеро е алармантна, а градот е во сериозна опасност.

Ова денеска го најави Координативното тело на здружението на загрижени граѓани на прес средбата што се одржа пред зградата на општината.

Градоначалникот Петрески кој се наоѓа во официјална посета на Австралија во изјава за OhridNews вчера истакна дека некој се обидува да го искористи неговото отсуство заради собирање ситни политички поени. Тој рече дека е во постојана комуникација со надлежните општински служби кои ја следат состојбата на терен и соодветно реагираат на ситуацијата.

На отсуството на Петрески од Охрид реагираа и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

OhridNews