Мирен протест се одржа вчера пред општина Струга. Жители на с. Делогожда изразија незадоволство од состојбата на инфраструктурата, а се пожалија и на недостаток на вода за пиење, електрична енергија и односот на локалната самоуправа.

Тие упатија барање до градоначалникот на Струга во рок од 3 дена да се исчистат сите улици во градот и општината, да даде јавно објаснување за поништување на тендерот за расчистување на снегот во градот, да преземе одговорност за недостатокот на вода за пиење во Општина Струга, за недостатокот на електрична енергија, уривањето на времените објекти….

Претставници на незадоволните граѓани oстварија средба со градоначалникот Зијадин Села, на која ги изнеле своите барања.

OhridNews