Неколку повредени и оштетени возила се последици од вчерашниот протест пред Владата, против поставувањето на Талат Џафери за нов Министер за одбрана, пренесува „Канал 5“.

Инаку, лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов, на својот фејсбук профил демантира некаква поврзаност со вчерашниот протест, повикувајќи ги граѓаните денеска масовно да излезат на протестотот против Талат Џафери, кој од 12.00 часот започнува пред споменикот на „Бранителите“ во Скопје.
OhridNews












