Нема правда, нема мир – Заедно да се избориме против екстерното оценување, со овие слогани денеска протестираа ученици во Скопје против екстерното оценување, јавува тв „Телма“.

Средношколци и основци од спомен куќата на Мајка Тереза се преселија пред Министерството за образование. Тие, побараа укинување на екстерното оценување зашто сметаат дека тоа ниту од далеку не може да даде реална оценка за знаењето на учениците и дека е насочено против наставниците и професорите. На министерот за образование Панче Кралев му дадоа рок од два дена да ја повлече одкуката за започнување на екстерното оценување, во спротиво, најавија бојкот на испитот.

Екстерното тестирање започнува во понеделник.

OhridNews