– На граѓаните – баратели на легализација покрај сугестиите за забрзување на процесот за легализација им се доставуваат и прашалници , а преку повратните информации општина Охрид ќе го зголеми квалитетот во работата, ефикасноста и соработката со граѓанскиот сектор, информираат од локалната самоуправа.
Согласно законската регулатива на сите правни и физички лица им се дава рок од 18 месеци по влегувањето во сила на измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти да достават комплетна документација. Доколку по 18 месеци не достават не ја достават комплетната документација го губат правото на легализација.
Измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти стапија во сила на 19 декември 2012 година.
Во процесот на легализација на дивоизградените објекти по едно евро за метар квадратен, беа доставени 11093 барања за легализација.