Еден крадец кој провалил во продавница за погребни материјали во Шпанија се обидел да ја излаже полицијата глумејќи дека е мртов.
Полицијата и Crespo, компанија за организирање погреби во близина на Валенсија, сеуште не знаат што поточно 23 годишното момче сакало да украде. Полицијата ја повикале соседите кои слушнале тропање на вратата во текот на ноќта, јавува CNN.
Полицијата пристигнала заедно со сопственикот на компанијата, кога внатре ги дочекал крадец кој глумел мртовец во еден безбоен ковчег кој се употребува во текот на бдеењето.
„Овде е обичај мртовецот да се облече во одело или некоја друга свечена облека. Овој тип беше обично облечен и облеката му беше извалкана“, кажува еден од полицајците на кој му било забрането да го открие идентитетот на крадецот.
Крадецот беше откриен и од дишењето кое не можеше да го прикрие, а се уште останува непознато што сакал да украде од продавницата во која немало ниту пари, ниту било какви други вредни работи.