Навивачите на Барселона и мечот со Реал Сосиедад го искористија да го „боцнат“ својот ривал Реал Мадрид за поразот на Сантијаго Бернабеу.
Во еден момент од мечот поголем дел од навивачите го скандираа името на Рафа Бенитез во знак на поддршка што е спротивно од желбата на навивачите на „кралскиот клуб“.
Навивачите на Реал Мадрид посакуваа Рафа Бенитез да замине од клубот, но тој доби комплетна поддршка од првиот човек Флорентино Перез.
Каталонците со 4-0 го совладаа Реал Сосиедад и ја забележаа 11-та победа во 13-то натпревар во Ла Лига сезонава.
Ohridnews











