“Тековното“ наводнување на главниот теренот на СРЦ „Атина Бојаџи“ го дислоцираше вчерашниот тренинг на охридските рибари на помошниот терен. 


Наместо подоговка на главниот терен, на кој пред почетокот на тренингот биле пуштени прскалките за наводнување, “белите“ биле приморани комбинациите пред мечот со Влазними да ги уигруваат на помошното.

Тренингот бил кобен за “алфа и омега“ во охридскиот тим Антонио Нически кој се здобил со повреда на скочниот зглоб и неизвесен за мечот во понеделник против Влазними.

Охриѓани денес ќе тренираат на теренот на ФК Караорма, а не ја исклучуваат можноста и натпреварите како домаќини до крајот на шампионатот да ги играат во Струга.

Ohridnews