Џеси Матос (90) од Калифорнија пронашол прстен кој пред 73 години му паднал во ВЦ-то. Прстенот инаку го добил како спомен од средното училиште од Дансмур, а го пронашол санитарниот работник Тони Конги (52), кој одел во истото училиште.
Тони во канализациската цевка од 321 км од Дансмур пронашол парче накит на кое забележал иницијали ЈТМ. Откако го исчистил прстенот побарал во старите алманаси од 1938-та година ученик со тие иницијали. За среќа никој освен Џеси немал исти иницијали. Го побарал старецот за кој дознал каде живее и му го вратил изгубениот прстен.
– Се почувствував повторно како да имам 18 години откако го погледнав прстенот.Тони ме повика и дојде кај мене да ми го донесе-раскажува Џеси.