Пругата од Кичево до границата со Албанија во должина од 63 километри, која ќе поминува низ општините Дебрца и Струга ќе чини 500 милиони евра, беше истакнато на денешната промоција на проектот, за чија изработка ЕУ обезбедни 7,7 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски ја повика ЕУ да го ооддржи овој значаен инфраструктурен проект кој земјава ќе ја поврзе со пристаништето во Драч.

На промоцијата беше истакнато дека покрај оваа пруга, приоритет на Македонија до 2025 година ќе биде изградба и на пругата до Република Бугарија, која како и делницата Кичево – Струга – Лин е дел од коридорот 8.

OhridNews