Првиот академски час од новата академска 2023/2024 година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитетот во понеделник, 2 октомври 2023 година во 12:00 часот, информираат од Универзитетот.
Им посакуваме успех на сите новозапишани студенти. Продолжуваме со нашата успешна приказна кон нови предизвици во новата академска година, велат во соопштението.
И од Факултетот за туризам и угостителство информираат дека утре, исто така во 12 часот, ќе биде одржан првиот академски час за студентите запишани во прва година во академската 2023/24 година.
OhridNews