Првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, ќе се служи денеска во 16 часот во црквата „Света Богородица“ – Каменско,  информираат од Дебарско – кичевската епархија. Ќе  богослужи неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Акатист ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

Богослужба во Каменско ќе има и утре кога се одбележува празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ –
(Тодорова сабота). Богослужбата со која ќе чиноначалствува
митрополитот Дебарско-кичевски г.
Тимотеј, ќе започне во 8 часот.

OhridNews