
Во склоп на кампот волонтери од повеќе младински организации работеа на изработка на едукативни игри во кои ќе се натпреваруваат учесниците на енергетскиот квиз. Квизот е завршниот настан на Училишниот проект за оваа година и на него знаењето ќе го докажуваат по пет учесници од сите петнаесет училишта во кои ЕВН Македонија годинава организираше континуирана настава за енергетска ефикасност.












