Деновиве во Охрид се одржува Првиот летен едукативен камп по физика. На кампот учествуваат ученици од осмо и деветто одделение од целата држава, во најголем број ученици што учествувале на натпреварите по физика. Учесниците на кампот имаат можност да изведуваат експерименти, да истражуваат, да решаваат проблемски задачи, да го набљудуваат ноќното небо со телескоп, да спортуваат, пливаат и другаруваат.

Учениците работат во групи и индивидуално, ги презентираат резултатите од нивните мерења и истражувања.

Кампот го организира Друштвото на физичари на Македонија (ДФРМ) и во план е да премине во традиција.

OhridNews