Прв „Летен камп” за деца припадници на македонските малцинства кои живеат во соседството
11.08.12 00:03
Првиот „Летен камп” за деца припадници на македонските национални малцинства кои живеат во соседните држави на Република Македонија ќе се одржи од 12 до 19 август во Охрид.
Како што пренесува „Макфакс“, овој настан е дел од проектот на Владата на Република Македонија – „Далеку, а блиску”, а главна цел е подигање на нивото на познавањето на македонскиот јазик меѓу припадниците на македонските национални малцинства во соседните земји и македонските заедници во дијаспората.
„Со овој настан треба да се подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји. Покрај конвенционалната настава по македонски јазик, ќе биде организирано и учење низ игра и забава, а во текот на неделата ќе бидат посетени повеќе значајни културно – историски места во Охрид и околината“, информираат од македонското МНР.
Во иднина се предвидува „Летниот камп” да прерасне во традиционален настан и истиот да се одржува секоја година како собир на најдобрите ученици кои ги посетувале разните модалитети на изучување на македонскиот јазик во соседството и дијаспората.
Утре неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците од улиците „Кленоец“ и „Српница“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради преприклучување на повеќе објекти на новата водоводна линија на...
Во овие моменти кога е потребна поддршка и заедништво, Општина Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малата Ева За таа цел, 150000 денари од средствата обезбедени преку хуманитар...
Охрид влегува во новата ера на дигитална заштита Што всушност претставува системот ‘Safe City’ На оваа тема зборуваме во новото издание на емисијата „Напладне“ со Стефан Димоски –...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.