Тринаесеткратниот шампион Работнички им го нанесе првиот пораз на охриѓани во Билјанини. “Белите“ не го издржаа притисокот на фавортит по што на крајот мораа да пуштат рака на подобриот во дуелот .
– Предупредував, но влеговме во мечот опуштено – рече по завршувањето на мечот Игор Гацов .Откако добро го затворија Фрај останатие не ја превзедоа одговорноста. Ние натпреварите ги добиваме со срце , а не на искуство кое во овај натпревар се покажа како одлучувачко –завршува Гацов .
Отворија езерџите преку О`Нил кој го искористи просторот под кошевите донесувајки предност на самиот старт. На играта на О Нил одговори Филиповиќ , а со влегувањето на Симиќ играта доби друга фиозиономија. Се менуваа сериите те на едната те на другата страна и по првиот период охриѓани имаа минимална предност .
го издржаа “пеколот“ во Охрид
“Белите “ мака мачеа да ја организираат играта во вториот период а првите поени ги постигнаа по 4 мин игра, профитираа “црвените“ и се одлепија на +6 (22-28), предност која ја задржуваа до финишот, со тројката на Д.Стојаноски на полувреме се отиде со +3 за Работнички.
Повторно “бланк“ на стартот на третиот период за охриѓани, гостите преку Симиќ прават серија и во 36 мин стигаат на +7 (33-40). О Нил и В.Стојаноски беа единствените кои го наоѓаа патот кон кошот, задржувајки ги какви – такви шансите за триумф.
Да биде патот кон триумфот уште потежок следуваше и повредата на Д.Стојаноски кој продолжението од мечот го проследи од клупата .
Следуваше последниот период, 2500 илјадната публиката се врати во игра, но тогаш се “буди“ подзаборавениот Мираковски кој со 7 поени во серија ги води гостите на +10 (44-54) .Фрај одговара и на 4 мин пред крајот охриѓани стигаат до 55-59.Следуваше рафал тројки на двете страни, за Работнички погодија Стојаноски и Веселиноски ,а за АМАК СП Фрај и В.Стојаноски.
На 90 сек пред при резултат 61-65 охриѓани имаа контранапад, В.Стојански бие за три и промашува, по што натпреварот Докузоски рутинирано го сведува до финиш .
– Добрата игра во одбраната беше еден од клучните фактори –вели Докузовски . Домашните по победите над МЗТ и Фени беа под притисок кој ние знаевме да го искоритиме . Она што мене ме радува и ме прави среќен е посетеноста на натпреварите во Охрид. Денес видов многу луѓе кои со своите фамилии дошле да гледаат кошарка.Среќен сум поради тоа, сепак кошарката се игра за публика –завршува Докузовски
АМАК СП – ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ 64:70 (18-17;11-15; 14-17; 21-21)
Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на 10-то јубилејно издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ...
Тридневниот атлетски викенд започнува со ноќна трка, а кулминацијата е во недела со полумаратонот и трката на 5 километри Охрид од денес до 7 јуни е домаќин на јубилејното 10-то издание на атлетски...
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.