Нема повеќе непоразени екипи во италијанската Серија А, откако лидерот на табелата Интер на домашен терен изгуби од Удинезе 3-1 во воведниот натпревар од 17-та рунда во „калчо“ лигата.

„Нероазурите“ одиграа блед натпревар далеку под своите можности, а фудбалерите од Удине максимално го искористија лошиот ден и го освоија целиот плен на Џузепе Меаца.

Во 14-та минута гостите го отворија резултатот со голот на Кевин Лазања. Радоста на гостите траеше само минута, во 15-та минута капитенот на Интер, Мауро Икарди изедначи на 1-1.

 

На почетокот од вториот дел домашните фудбалери имаа иницијатива, но не ја крунисаа со погодок. Во 60-та минута гостите одновно стигнаа до водство со голот од пенал на Родриго де Паул. Во продолжението од натпреварот Интер фрли на една карта, а Удинезе со трет погодок во мрежата во 77-та минута ја осигура победата и го замолкна „Џузепе Меаца“ стадионот.

Поразот на Интер нуди одлична шанса за Наполи и Јувентус да го минат лидерот на табелата и да го спуштат на третата позиција со евентуални победи Торино односно Болоња. 

OhridNews