Првиот уписен рок за идните студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид е во понеделник и вторник (25 и 26 август 2025 год.). Во академската 2025/2026 година, Универзитетот нуди 294 слободни места за нови студенти во прва година (прв циклус студии).

На Универзитетот се достапни студиските програми: компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника, и дигитална бизнис аналитика.

Најдобрите бруцоши имаат можност да добијат стипендии во рамките на Универзитетот, како и стипендии поддржани од амбасадата на Народна Република Кина во Скопје.

Поднесувањето на документи ќе се врши во просториите на Универзитетот, во период од 08:00 до 16:00 часот.

Подетални информации за потребната документација има во Конкурсот за запишување на студии од прв циклус, објавен на официјалната веб страна (www.uist.edu.mk), како и на социјалните медиуми на Универзитетот.