Од утре до 27 август 2026 година e првиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На Универзитетот има 190 слободни места.

Поднесувањето на документи ќе се врши во просториите на Универзитетот, во период од 08:00 до 16:00 часот.
Подетални информации за потребната документација има во Конкурсот за запишување на студии од прв циклус, објавен на веб страна www.uist.edu.mk како и на социјалните медиуми на Универзитетот.
OhridNews










