Од 14 до 18 јануари 2019 година во Охрид, во хотелот „ Аквалина“, ќе се одржи вториот фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на која зборуваа градоначалникот Јован Стојаноски, Влатко Тодев, лиценциран партнер на „Real Madrid Campus Experience“ во Македонија и Горан Ѓоргоноски од агенцијата „Спорт- Арена“.

На вториот фудбалски камп на „Реал Мадрид“ се очекува да учествуваат стотина деца на возраст од 7 до 17 години, кои ќе тренираат и учат тактички и технички аспекти за фудбалот, а воедно ќе научат многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.

Општина Охрид, годинава ќе го подржи овој настан, а за идната година, како што беше речено на прес- конференцијата, се очекува да се потпише договор за натамошна соработка.

OhridNews