Екипата на Сампдорија прва успеа сезонава да замине од Торино со бодови откако ремизираше против Јувентус 1-1.
„Бјанконерите“ до сега имаа 100% ефект на домашен терен, а и така го започнаа дуелот со Сампдорија кога Патрис Евра донесе водство во 12-та минута.
Гостите од Џенова по само шест минути игра во вториот дел преку Маноло Гандиабини погодија за егал 1-1, кој на крајот гласеше и конечен резултат.
Резултати : Јувентус – Сампдорија 1-1, Џенова – Рома, Парма – Каљари, Удинезе – Верона, Чезена – Фиорентина, Милан – Наполи.
Мх.П.