Вечерва на програмата е редовното 16 коло во машкото кошаркарско првенство.

АМАК СП (18.00 ч) како фаворит ќе влезе во дуелот на  домашен терен против Карпош Соколи.

Во дербито на 16. коло Струмица со новиот тренер Јорданчо Давитков го пречекува Ф. Работнички (18.15 ч., МТВ пренос)  Ова е реприза од финалето на плејофот во минатата сезона, кога струмичани беа поуспешни од тимот, на чија клупа тогаш седеше Давитков.

Вардар О. ќе го нагости (19.30 ч.) градскиот ривал МЗТ, во обид да ги стигне „штрковите“ кои имаат еден пораз помалку. Ова ќе биде прв дуел на тренерот Марјан Лазовски против вардарци, клубот со кој го освои Купот во минатата сезона.

МЗТ е осоколен по важниот триумф над Струмица, додека „црвено-црните“ викендов за малку ќе изненадеа во Кавадарци против Фени Индустри. Од Вардар О. се жалат дека личната грешка, по која ги примија последните поени, биле по истекот на времето. Клубот се жалеше дополнително, но не го најавиле тоа со потпис и така не ја запазиле целосно процедурата.

Во последниот денешен натпревар во Битола С. Пелистер (18.00 ч) е апсолутен фаворит на мечот против Маврово,
Слободен во ова коло е лидерот на табелата, Фени И.

Мирко Постоловски