За прв пат во охридската општа болница изведена е лапараскопска операција на бубрег. Ја реализира тимот уролози Др. Мостро, Др. Симоноска и анестезиологот Др.Јован, под раководство на Др. Горан Балевски.

Беше опериран пациент од Битола, при кој зафат беше рецесиран долниот дел на бубрегот поради циста, информираат од Општата болница Охрид. .

Пациентот постоперативно се чувствува добро и после 24 часа може да биде испишан од уролошко одделение и да си оди дома. Благодарност до целиот тим на урологија и на анестезиологија. се истакнува во информацијата  од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Со оваа операција се отвора ново поглавје за лапараскопски интервенции во Охрид и околината.

OhridNews