Екипите на АВ Охрид и Работнички забележаа најубедливи победи во дел од мечевите во 11-та рунда во Првата македонска кошаркарска лига. „Галебите“ на домашен терен со 113-58 го совладаа Карпош Соколи, додека „романтичарите“ со 108-57 го преслуштаа составот на Струмица.

Работнички со победата над Струмица со максимален ефект ја заврши есенската полусезона во Првата лига. За охридските кошаркари ова беше петти триумф сезонава и со егал скор (5-5) котираат на средината од табелата. Охриѓани првата полусезона ќе ја завршат со заостанатиот меч кој ќе одиграат со МЗТ Скопје утре во 18 часот во спортската сала „Јане Сандански“.

Дербито во 11-та рунда им припадна на кошаркарите од Куманово кои со пресврт славеа против истоимената екипа со 89-84. Сигурен на домашен терен беше тимот на Блокотехна кој со 83-58 славеше против Фени Индустри.

Последната рунда во есенската полусезона ќе се комплетира со дуелите помеѓу Шкупи – Кожув односно Пелистер – МЗТ Скопје.

Резултати: Работнички – МЗТ Скопје 108-57, Гостивар – Куманово 84-89, АВ Охрид – Карпош Соколи 113-58, Блокотехна – Фени Индустри 83-58, Шкупи – Кожув, Пелистер – МЗТ Скопје.

Работнички 22, Блокотехна 20, Куманово 18, Гостивар 18, Фени Индустри 17, Карпош Соколи 16, МЗТ Скопје 15 (-2), АВ Охрид 15 (-1), Шкупи 12 (-1), Пелистер 12 (-1), Кожув 12 (-1), Струмица 11.

Фото: Карпош Соколи лесен залак за „галебите“

OhridNews