Домашните и гостинските екипи ги „поделија“ победите забележувајќи по три победи во шесте мечеви од 16-та рунда во Првата кошаркарска лига.

Предноста на домашен терен ја искористија Работнички, МЗТ Скопје и АВ Охрид кои славеа над Шкупи, Куманово односно Пелистер. Од гостувањата целиот плен го освоија Кожув, Блокотехна и Фени Индустри совладувајќи ги Карпош Соколи, Гостивар односно Струмица.

Во кошаркарската елита следува двонеделна пауза поради мечевите од Купот на Македонија и обврските на македонската кошаркарска репрезентација.

Резултати: Работнички – Шкупи 113-62, МЗТ Скопје – Куманово 87-74, Карпош Соколи – Кожув 77-90, АВ Охрид – Пелистер 87-77, Гостивар – Блокотехна 68-86, Струмица – Фени Индустри 58-71.

Табела: Работнички 32, Блокотехна 30, МЗТ Скопје 28, Гостивар 26, Куманово 26, АВ Охрид 24, Фени Индустри 24, Кожув 22, Карпош Соколи 21, Пелистер 19, Шкупи 18, Струмица 18.

OhridNews