Екипите фаворити комплетно ја оправдаа улогата победувајќи во шесте мечеви кои се одиграа во рамките од 14-та рунда во Првата македонска кошакарска лига.

На победи пред своите гледачи се радуваа МЗТ Скопје, Блокотехна, Гостивар, АВ Охрид и Работнички, додека на гостински терен бодови освои тимот на Куманово.

Охридските кошаркари забележаа убедлива победа (79-63) во исклучително важниот меч со Фени Индустри во „Билјанини Извори“ и зачекорија кон плејофот во кошаркарската елита.

Избраниците на Петар Чочороски во следната 15-та рунда ќе имаат нов предизвик на гостувањето кај составот на Кожув во Гевгелија.

Резултати: МЗТ Скопје – Струмица 96-54, Карпош Соколи – Куманово 67-94, Блокотехна – Шкупи 103-88, Гостивар – Пелистер 98-62, АВ Охрид – Фени Индустри 79-63, Работнички – Кожув 76-64.

Табела: Работнички 28, Блокотехна 26, МЗТ Скопје 25, Куманово 23, Гостивар 23, АВ Охрид 21, Фени Индустри 20, Карпош Соколи 19, Кожув 18, Пелистер 17, Шкупи 16, Струмица 16.

OhridNews