На 23 јануари (среда) во Скопје против актуелниот шампион Работнички, охридските кошаркари ќе ги продолжат натпреварите од регуларниот дел во македонската кошаркарска Прва лига.

Најавите за пролонгирање на стартот од втората полусезоната поради ниските температури не се остварија и прволигашите на терените ширум Македонија ќе истрчаат според претходно договорениот термин.

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) преку своите преставници-делегатите нема да дозволува почетокот на мечот ако нема оптимални услови односно ако температурата во салата не е 12 степени.

Работнички и АВ Охрид ќе ја заокружата првата рунда од втората полусезона, бидејќи играат три или четири денови после останатите екипи кои ќе се судрат викендов кој доаѓа. На 19 јануари силите ќе ги одмерат Куманово – Вардар, Кожув – Гостивар односно Пелистер – Фени Индустри, а ден подоцна на прграмата е дербито МЗТ Скопје – Блокотехна.

„Галебите“ подготовките за престојната втора етапа во Првата  лига ги започнаа на 9 јануари и ќе имаат дополнителни три денови да ја избрусат формата до дуелот со Работнички.

OhridNews