Охридските кошаркари ја продолжија борбата за шестата позиција во Првата лига, откако во Чаир со 101-80 (27-21, 24-21, 22-17, 28-21) го прегазија составот на Шкупи во 17-та рунда од шампионатот.

До деветтата победа сезонава и позитивен скор (9-8) на табелата во елитата „галебите“ стигнаа со доминатната игра во текот на целиот натпревар. 

„Галебите“ прво поведоа со 6-0, а разликата се зголеми на 12-3 по четири минути игра. Во три минути кошаркарите на АВ стигнаа и до двоцифрена предност (20-9). Домаќините се созедоа и до крајот на првите десет минути успеаја да намалат на 27-21.

Охриѓани играта од првите десет минути ја повторија и во вторите и во неколку наврати имаа водство од 14 поени. Домаќините одново со мини серија во финишот ја раситнаа двоцифрената негатива и на одмор заминаа со минус девет (51-42).

Доминацијата на избраниците на Петар Чочороски и во третиот квартал во кој повторно стигнаа до 14 поени предност (60-46). Овој пат охриѓани го издржаа налетот на домаќините и во решавачките десет минути влегоасо позитива од 73-59.

Охридските кошаркари на стартот од четвртиот период си мини серија дојдоа до 20 поени предност и ги отпишаа домаќините од поволен резултат. Неизвесен беше само конечниот резултат кој охриѓани го заокружија со 101 постигнат поен. 

 

Во составот на АВ Охрид пет кошаркари имаа двоцифрен учинок. Листата ја предводеше Емир Зимиќ со 22 поени, Стеван Глигоријевиќ реализираше 18, Војче Лефкоски уфрли 14, Бранко Јанески 12, а Антонио Донески застана на 11. Во домашната екипа Џордан и Хил постигнаа по 18 поени.

OhridNews