Кошаркарите на Охрид доживеаја уште еден пораз во првенството во Првата лига. Во 10 коло, вчера во Скопје, екипата на ТФТ го совлада ГКК Охрид 93:75 (29:15,25:18,22:22, 17:20).

Охрид во моментов е на последното место на табелата со 11 бода, еден помалку од ФМП Академија, односно два од Вардар и Кожуф со кои ќе води битка за опстанок во најсилната конкуренција. На табелата води МЗТ Скопје со 19 бода пред Пелистер и Еуроникел со по 17.

Во следното коло кое на програмата е на 9 декември, Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Чаир.

Г.М.