Некомплетната седма рунда во Првата македонска кошаркарска лига донесе први победи на Шкупи и Струмица, големи прашалници покрај името на освојувачот на трофејот во Купот на Македонија, Карпош Соколи и крај на победничката серија на АВ Охрид.

„Соколите“ минатата сезона го расипаа учинок на МЗТ Скопје победувајќи во Купот, но промената на локалната власт донесе огромни проблеми пред се финансиски кои се најчести во нашите кошаркарски па и останатите спортски колективи.

Слободниот пад на Карпош Соколи го искористи Шкупи, кој пред своите гледачи славеше (86-77) и ја забележа првата победа сезона. На прва победа се израдува и составот на Струмица триумфирајќи во Битола против Пелистер 76-86.

Серијата победи на АВ Охрид застана во седмата рунда, откако „галебите“ после голема и рамноправна борба изгубија во Гевгелија од Блокотехна (92-78). Загубената прва четвртина (29-18) ги чинеше охриѓани пораз, бидејќи во следните три во најмала рака беа рамноправен противник.

Резултати: Пелистер – Струмица 76-86, Блокотехна – АВ Охрид 92-78, Кожув – Куманово 67-82, Шкупи – Карпош Соколи 86-77, Гостивар – Работнички 76-78, Фени Индустри – МЗТ Скопје.

Табела: Работнички 14, Блокотехна 13, Карпош Соколи 12, Гостивар 11, АВ Охрид 11, МЗТ Скопје 10 (-1), Куманово 10, Фени Индустри 10 (-1), Струмица 8, Шкупи 8, Пелистер 8, Кожув 8.

OhridNews