Екипите на МЗТ Скопје и Куманово запишаа нови бодови на табелата во Првата лига победувајќи ги Струмица односно Карпош Соколи во воведните мечеви од 14-та рунда во кошаркарската елита.

„Штрковите“ на домашен терен славеа со 96-54 и ја забележаа 11-та победа, додека кумановчани со 94-67 ги совладаа „соколите“ и стигнаа до 9-та победа сезонава.

Во 14.коло исклучително важен натпревар го очекува составот на АВ Охрид кој пред своите гледачи го пречекува тимот на Фени Индустри. „Галебите“ со триумф над кавадарчани ќе се одлепат на шестата позиција која води во плејофот.

Мечот се игра во 18 часот, а вратите се отворени за сите љубители на кошарката и спортот воопшто во Охрид.

OhridNews