Со кош на Дарко Димитриевски на 5 секунди до крајот ГКК Охрид во драматична завршница го совлада КК Борец од Велес 77-76, во 6 коло од плејофот од Првата лига и стигна до првата победа во разигрувањето.
Неизвесен и до крај возбудлив натпревар одиграа кошаркарите на Охрид и Борец попладнево во салата „Билјанини извори“. Колку мечот беше израмнет говори и фактот што ниту една од екипите немаше поосетна предност, а екипите често го менуваа водството.
Во таква игра домаќинот беше поконцентриран и имаше повеќе среќа во финишот. Во последните секунди Охрид при резултат 76-76, Охрид имаше напад. Одговорноста ја презеде денеска расположениот Димитриевски врз кого беше направен фаул на 5 секунди до крајот. Првото слободно го реализира за водство на Охрид 77-76, а второто го промаши, но шутот за 3 поени на гостите не ја погоди целта и домаќинот славеше победа.
Јунакот Димитриевски мечот го заврши 35 поени, Стефан Донаковски уфрли 14, а Христијан Кузманоски 9.
До крајот на плејофот од Првата кошаркарска лига остануваат уште две кола во кои Охрид се среќава цо Бутел и Струмица.
Г.М.















