Охридските кошаркари во 16-та рунда од Првата кошаркарска лига на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречекаат составот на Пелистер.

После поразот од Кожув во Гевгелија избраниците на Петар Чочороски немаат право на нова грешка во трката за местата на табелата кои водат во плејофот.

– Фаворити сме, но тоа мора да го потврдиме на теренот. Двете екипи во првата полусезона пруживме натпревар за уживање, а ние победивме со поени во последните мигови од мечот. За победа ќе треба што поскоро да го скршиме нивниот отпор, бидејќи овој пат не смееме да влезе во неизвесна завршница. – изјави Петар Чочороски.

Натпреварот се игра во 17 часот и 30 минути, а влезот во салата е бесплатен.

Двојки: Работнички – Шкупи 113-62, МЗТ Скопје – Куманово, Карпош Соколи – Кожув, АВ Охрид – Пелистер, Гостивар – Блокотехна, Струмица – Фени Индустри.

Табела: Работнички 32, Блокотехна 28, МЗТ Скопје 26, Гостивар 25, Куманово 25, АВ Охрид 22, Фени Индустри 22, Карпош Соколи 20, Кожув 20, Шкупи 18, Пелистер 18, Струмица 17.

OhridNews