Кошаркарскиот клуб АВ Охрид претрпе пораз на гостувањето во Скопје од Вардар 76-68 (18-16, 18-10,  25-20, 15-22) во рамките од 20-та рунда во Првата машка кошаркарска лига.

Двете екипи добро го отворија мечот. Водството се менуваше, а првата четвртина им припадна на домаќините. Во вториот квартал, кошаркарите на Вардар ја направија клучната предност која ги одведе до победата. Со 18-10 ја добија втората четвртина и со плус десет заминаа на одмор.

Водството после триесет минути игра домашните кошаркари го зголемија за дополнителни пет поени (25-20), а во последниот квартал охриѓани успеаја да го ублажат поразот, откако го добија со 22-15.

Во составот на Вардар најпрецизен беше Цветкоски со 23 поени, а во тимот на АВ Охрид најефикасен заврши Атанасов со 21 поен.

В среда во 21-та рунда од Првата лига, АВ Охрид на домашен терен ќе го пречека Гостивар.

OhridNews