Кошаркарите на МЗТ Скопје забележа победа и запиша нови два бодови на табелата совладувајќи го Гостивар со 74-61 (20-14, 22-14, 16-16, 16-17) во дербито од 14-та рунда во Првата лига.

„Штрковите“ до триумфот во преполната спортската сала „Младост“ тигнаа со маестралната игра во напад во воведните две четвртини. Гостинските кошаркари отворија храбро и на моменти дрско не дозволувајќи да се вжешти атмосферата на трибините.

Првиот квартал на крилата од Марко Симоноски кој постигна четири тројки од исто толку обиди клубот од Скопје го доби со шест поени (20-14). Во вториот период се разиграа повеќе кошаркари во МЗТ Скопје и предноста од шест поени „скокна“ на 14 кошеви.

Разликата на семафорот после третата четвртина остана иста, откако заврши со 16-16. Гостивар во решавачкиот период проба со сите можни средства да се врати во игра но „штрковите“ одиграа на високо ниво и не дозволија неизвесен финиш и загрозување на победата.

Најефикасни во победничкиот состав беа Симоноски и Иве Иванов кои постигнаа по 17 кошеви, а два помалку реализираа Џејмс Вудард и Љубомир Младеновски. Кај домаќините Александар Костоски уфрли 19, а Ефиани застана на 16.

Во Првата лига следуваа пауза, бидејќи на програмата викендот кој доаѓа ќе бидат мечевите од Купот на Македонија.

Резултати 14-та рунда: Шкупи – Блокотехна 53-102, Вардар – Фени Индустри 70-80, Кожув – Пелистер 73-68, Работнички – Куманово 88-79, Гостивар – МЗТ Скопје 61-74.

Табела:  Работнички 27, Блокотехна 26, МЗТ Скопје 26, Фени Индустри 23, Гостивар 21, Куманово 21, Кожув 21, АВ Охрид 16, Пелистер 16, Вардар 15, Шкупи 12.

OhridNews
Фото: Екипа.мк