Охридските кошаркари одиграа натпревар под своите можности на гостувањето во Гевгелија и претрпеа убедлив пораз од Кожув 80-65 (15-9, 23-13, 20-21, 22-22) во 15-та рунда од Првата лига.

Домашните кошаркари од самиот старт почна агресивно, а охриѓани не одговорија на ист начин и мечот го започнаа со константа негатива која резултираше со 15-9 негатива по десет минути игра.

Кожув во исто темпо и во вториот квартал и во очај ги фрли гостинските кошаркари кои го одиграа најслабиот меч во оваа сезона во Првата лига. После дваесет минути игра домаќините имаа водство (38-22) на семафорот.

Нешто од својот квалитет охриѓани демонстрираа во третиот квартал кој го добија со 21-20, но тоа беше премалку за враќање во игра. Во четвртиот квартал „галебите“ стигнаа до негатива од 12 поени, но домаќините не дозволија да ја загубат предноста и заслужено ги освоија бодовите.

Овој пораз ќе ги искомпликува работите на АВ Охрид за пласман во плејофот кој немаше да биде под знак прашалник со победа во денешниот меч.

Шанса за поправен охриѓани ќе имаат следниот викенд на домашен терен против Пелистер.

OhridNews