Кошаркарите на Охрид вечерва го совладаа Феникс во Скопје 90:100 во 20 коло од 1 лига и освоија вредни бодови во битката за опстанок.

Клучна беше првата четвртина која охриѓани ја добија убедливо 15:39. Следните две му припаднаа на домаќинот 23:9 и 28:18, додека завршниот период заврши 24:24.

Охрид до победата го предводиеше Мајкл Андерсон кој мечот го заврши со трипл дабл учинок од 23 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Охрид е 10 на табелата со 25 бода, еден повеќе од ФМП Академија (24), односно два од Вардар (23). Феникс е седми со 31 бод. На табелата води Работнички  и ЖЗТ сон о 36 бода.

Во следното коло, Охрид на 23 март дома ја пречекува екипата на ТФТ Скопје.

Г.М.