Прволигашката иднина на Фудбалскиот клуб Борец од Велес е доведена под сериозен знак прашалник, после одлуката на главниот спонзор Кочо Анѓушев да се повлече од клупските структури.

Анѓушев ова го најави пред недела дена, искажувајќи незадоволство од состојбата на македонскиот фудбал на Собранието на ОФС Велес. Тој бараше Борец и останатите клубови да бидат повеќе застапени општинските собранија, а со тоа и во највисоките органи на ФФМ.

Фудбалерите на Борец добиле зелено светло да преговараат со клубови, каде без оштета ќе можат да ја продолжат кариерата.

Немања Босанчиќ прво засилување за Струга ТЛ

Струшкиот фудбалски клуб го повлече првиот потег во зимскиот преоден рок, доведувајќи го спрскиот интернационалец Немања Босанчиќ во своите редови.

25-годишниот интернационалец ќе го засили средниот ред на стружани, кои ќе атакуваат на што повисоко место на табелата. Босанчиќ во Струга се преселува од второлигашот Инџија.

Од клубот во зимскиот преоден рок заминаа Ајети, Хајредини и Мазари.

OhridNews