Без победник (1-1) завршија двете дерби пресметки Вардар – Шкендија и Победа – Пелистер на стартот од пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Дербито на врвот од табелата во Тетово ги оправда сите очекувања и понуди фудбал каков што ретко можеме да видиме на нашите терени. Шкендија играше, а и Вардар иако ориентирано на одбрана создаваше прилики. Стрпливоста во составот на Вардар вроди со плод во 78-та минута кога капитенот донесе водство. Сепак, домашните фудбалери не дозволија пораз пред своите навивачи постигнувајќи погодок преку Бесарт Ибраими за егал и задржување на предноста од осум бодови на табелата.

Највозбудливите моменти во пелагониското дерби Победа – Пелистер кое се одигра во Турново се случија во првите 15 минути. Битолчани поведоа во 9-та минута, а домаќините изедначија после 13 минути игра.

На победа во оваа рунда се израдува составот на Шкупи кој со 5-2 славеше над Академија Пандев, а Работнички и Ренова ги поделија бодовите ремизирајќи без голови 0-0. Дуелот Силекс – Скопје не се одигра поради неповолните услови на теренот во Кратово.

Резултати: Вардар – Шкендија 1-1, Победа – Пелистер 1-1, Шкупи – Академија Пандев 5-2, Работнички – Ренова 0-0, Силекс – Скопје одложена.

Табела: Шкендија 47, Вардар 38, Силекс 31 (-1), Шкупи 26, Академија Пандев 25, Работнички 24, Победа 20, Ренова 19, Пелистер 17, Скопје 10.

Фото: Гол.мк
OhridNews