Фудбалерите на Силекс, со триумф од 3-1 против Академија Пандев во дербито на истокот ги завршија натпревари во есенската полусезона од Првата македонска фудбалска лига.

Силекс со победата успеа да се израмни со Академија Пандев на третата позиција на табелата и комплетно да побегне од екипите кои се борат за опстанок во елитата.

Кратовчани, триумфот во дербито го најавија со погодокот на Серафимоски пред крајот на првиот дел. Домаќините во вториот дел постигнаа нов погодок за 2-0, а гостите успеаја да внесат неизвесност со голот за 2-1. Сите дилеми Силекс ги реши со третиот гол на струмичани.

Последните мечеви од есенската полусезона во Првата лига ќе се одиграа утре со почеток во 13 часот.

OhridNews