Дуелот на повратниците во Првата Македонска фудбалска лига, помеѓу Напредок и Брегалница во Кичево ќе го суди охриѓанецот Марјан Ецкоски.

Помошници на Ецкоски ќе бидат Мацески Ацо и Чакарески Лазе од Струга. 4 – ти судија е Марјан Маркоски.

На останатите натпревари во првото коло од Првата МФЛ играат:
Ренова – Пелистер
Хоризонт Турново – Силекс
Вардар – Металруг
Скопје – Работнички
Шкендија – Тетекс.

Поради настапите во Лигата Европа Тетекс и Работнички своите натпревари ги играат во понеделник, останатите натпревари се играат во сабота.

М.П.