Охриѓанецот Марјан Ецкоски ја доби довербата да ја дели правдата во Кратово на дуелот помеѓу домаќинот Силекс и актуелниот првак Шкендија во втората рунда од Првата македонска фудбалска лига.

За значењето на мечот во Кратово говори фактот дека судии ќе има и зад головите. Таа обврска им припадна на стружаните Јован Качевски и Албрим Шаќири. Асистенти на Ецкоски покрај аут линијата ќе му бидат Слаѓан Маркоски и Ебрар Таравари од Гостивар.

На центарот во Тетово на средбата помеѓу Ренова и Струга Трим Лум ќе се појави битолчанецот Благојче Ралевски. Двете екипи забележаа победи во првата рунда и ќе биде мошне интересно да се проследи која екипа ќе продолжи без пораз во воведот од фудбалската елита.

Дуелот Работнички – Шкупи се игра в сабота во 17 часот, додека останатите се гираат в недела во 17 часот.

Двојки: Работнички – Шкупи, Ренова – Струга Трим Лум, Силекс – Шкендија, Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев, Борец – Вардар

Табела: Шкупи 3, Академија Пандев 3, Ренова 3, Струга Трим Лум 3, Македонија ЃП 3, Вардар 0, Работнички 0, Силекс 0, Шкендија 0, Борец 0