Гостувањето на тетовска Шкендија во Ѓорче Петров е еден од најинтересните натпревари во 20-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

 

Фудбалерите на Македонија ЃП ќе го предизвикаат лидерот на табелата, а за правдата ќе се грижи охридскиот арбитар Марјан Ецкоски. Искусниот судија дебитира во втората полусезона, откако во претходна рунда беше четврти судија на дуелот помеѓу Силекс и Шкупи.

Во фокусот покрај мечот во Ѓорче Петров ќе бидат дуелите помеѓу Ренова – Вардар и градското дерби бо Струмица помеѓу Беласица – Академија Пандев. Натпреварот во Тетово ќе го суди Ставрев, а на центарот на теренот „Младост“ во Струмица ќе се појави Мечкароски.

Сите пет натпревари се играат в недела со почеток во 14 часот.

Двојки: Ренова – Вардар, Македонија Ѓорче Петров – Шкендија, Беласица – Академија Пандев, Работнички – Силекс, Шкупи – Победа

Табела: Шкендија 43, Вардар 35, А. Пандев 33, Работнички 27, Шкупи 24, Ренова 22, Македонија ЃП 21, Силекс 19, Победа 18, Беласица 18.

OhridNews