Екипата на Струга Трим Лум ниту на третиот натпревар на гостински терен сезонава не успеа да освои бодови. Стружани во рамките од шестата рунда оружјето го положија во Тетово кај шампионот Шкендија, кој славеше со 2-0 (1-0).

Бедемот на „црвено белите“ попушти по осум минути игра. Во манир на голем стрелец Марјан Радески пожуртвувано се фрли и со глава го матираше голманот Ѓуриќ. Во 59-та минута од натпреварот Бесарт Ибраими погоди за 2-0. На крајот тој резултатот се покажа доволен за тетовчани да ја забележат третата победа сезонава.

После комплетирањето на шестата рунда Вардар е нов лидер. „Црвено црните“ со 3-0 го совладаа Силекс, а тимот на Академија Пандев кој беше лидер ремизираше без голови со Шкупи и му ја препушти водечката позиција на најтрофејниот клуб во нашата земја.

Резултати: Шкендија – Струга ТЛ 2-0, Вардар – Силекс 3-0, Борец – Работнички 1-1, Македонија ЃП – Ренова 0-1, Академија Пандев – Шкупи 0-0

Табела: Вардар 16, А. Пандев 15, Македонија ЃП 11, Шкендија 10, Ренова 10, Шкупи 9, Струга ТЛ 8, Работнички 7, Силекс 6, Борец 5

Двојки 7.рунда: Ренова – Борец, Струга – Македонија ЃП, Силекс – Работнички, Шкупи – Шкендија, Вардар – Академија Пандев

OhridNews