Лидерот на табелета во Првата лига, Шкендија и актуелниот шампион Вардар забележаа идентични победи (3-0) над Шкупи односно Победа во 20-та рунда од фудбалскиот шампионат. Tетовските и скопските „црвено црни“ комплетно ја оправдаа фаворитската улога во мечевите и запишаа нови и очекувани бодови на контото во елитата.

 

Значајни бодови во 25-та рунда во битката за опстанок во Првата лига освои освојувачот на трофејот во Купот, Пелистер кој со 3-2 славеше против Работнички во Битола. Најпријатното изненадување во есенскиот дел од сезоната Академија Пандев втор меч по ред не постигнува погодок. Овој пат без голови ремизираше со Скопје на домашен терен.

Резултати: Академија Пандев – Скопје 0-0, Вардар – Победа 3-0, Шкупи – Шкендија 0-3, Пелистер – Работнички 3-2, Силекс – Ренова 0-0.

Табела: Шкендија 50, Вардар 42, Силекс 32, Академија Пандев 26, Шкупи 26, Работнички 24, Пелистер 20, Ренова 20, Победа 20, Скопје 11.

OhridNews